29/04/2024
Македонија

Кривична пријава за убиство

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје го предаде М.Г.(50), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по чл.123 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, на 19-ти овој месец околу 19,00 часот, додека пријавениот бил во семејниот дом, одлучил најпрвин да и го одземе животот на неговата мајка, К.Г.(77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. и нанел една убодна рана во пределот на градниот кош и во текот на ноќта во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерите. Истиот и во наредните денови, во повеќе наврати се обидувал да си го одземе животот, но не успеал, по што се откажал од намерата и одлучил да остане во неговиот дом. На 24-ти овој месец, околу 20,00 часот, во домот пристигнал братот на пријавениот, кој ја пронашол починатата мајка, а пријавениот му кажал дека тој ја убил. М.Г. бил лишен од слобода и по извршен разговор со него, го појаснил начинот на сторување на делото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.