27/04/2024
Македонија

Кривична пријава за убиство

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 03.08.2019 во куќа на ул.„Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, пријавениот физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото. После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на с.Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од нас.Шуто Оризари кон с.Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 05.08.2019.