14/06/2024
Струга

Кривична пријава за вевчанец поради злоупотреба на службена положба и овластување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ж.Б. (48) од Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 09.03.2015 година пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица Струга, на приватна фирма од Струга, за период од шест месеци и отстапил на користење три објекти во сопственост на јавното претпријатие, без да биде наплатен надомест за користење на објектите. Исто така, на 03.04.2015 година пријавениот склучил договор со истата фирма за испорака на буково огревно дрво во вредност од 440.041 денари, без да биде извршена уплата од страна на купувачот. Во текот на 2018 година, при редовен попис на средствата, во јавното претпријатие бил констатиран кусок од 793 кубни метри огревно буково дрво. Со овие дејствија пријавениот му нанел материјална штета на ЈП „Македонски шуми“ во износ од 1.499.241 денари.