Кривична пријава за жител од Радожда поради бесправно градење

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ш.(47) од струшкото село Радожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

При извршен инспекциски надзор било утврдено дека на катастарска парцела во селото, без соодветно одобрение, изградил надградба на објект.