27/04/2024
Македонија

Кривични пријави за крадци од Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против лицата: Ѓ.Д (22) од с.Куклиш и Д.Т (26) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека двајцата, заедно со кривично-пријавен седумнаесетгодишен малолетник, во периодот од 30.12.2017 година до 21.02.2018 година, извршиле 27 кривични дела “тешка кражба“ и “тешка кражба во обид“ од куќи и деловни простори, како и две кривични дела “одземање моторно возило“, на подрачјето на Струмица и во село Куклиш. Исто така, а во врска со оваа криминална група, кривично пријавено е лицето В.А. (29) од с. Куклиш кое се сомничи дека сторило кривично дело – “прикривање“, на начин што од првопријавениот и малолетното лице откупувал различни предмети, иако знаел дека истите потекнуваат од извршени кривични дела.

Од страна на СВР Струмица, по извршениот поголем број на кривични дела за кус период, беа превземени интензивни мерки за откривање на извршителите. на тешките кражби. Со наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на осомничените каде се пронајдени бројни предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кои со Потврда за привремено одземени предмети се одземени.