29/04/2024
Охрид

Летото започнува, а граѓаните се подготвуваат за претстојната зима

Летото започнува денес, а нашите сограѓани веќе почнаа да мислат на претстојната зима, така што почнаа да подготвуваат дрва за огрев.

Иако зимата сè уште е далеку, подготовките за следната грејна сезона веќе се во тек.

Летниот период е одлично време за купување и подготвување на дрва за огрев. Дрвата имаат доволно време да се исушат за претстојната зима, а од друга страна граѓаните ќе бидат посигурни од евентуално зголемување на цената на огревното дрво, што често се случува со наближувањето на зимата.


WebOhrid / 21.06.2023