26/04/2024
Охрид

Левица: Безбедноста на учениците не е приоритет на ниту една Локална власт во Охрид

Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Политичката партија Левица ги прашува кадрите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ зошто толку долго време ниту една досегашна локална власт не потегна никаква иницијатива, ниту мини проект за решавање на проблемот со мостот кај  ОУ „Христо Узунов“ за кој беа потрошени 100.000 марки?

Зарем мислите дека дечињата имаат разум како возрасен човек да дадат проценка дали некој може да застане пред пешачкиот премин?

Додека Зоран Шикалоски, лежерно си зема плата од позицијата Раководител на одделението за сообраќај и улици, зарем не му е грижа за секое детенце кое со својот тежок школски ранец е потенцијален ризик за опасност?

Имено, софистицираните градови низ различните страни во светот ги реализираат најдобрите сообраќајни решенија кои ја зацврстуваат безбедноста на учениците, кај нас ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ низ годините наназад не направија никаква санација на мостот, ниту поставија добри смирувачи на сообраќајот.

Иако советничката од Левица – Виолета Аврамоска  побара да бидат функционални семафорите, за тоа се’ уште не е преземена никаква акција.

Очигледно е дека единствената намера која ја имаат е да се наддаваат колку улици асфалтирале и колкава сума наводно е потрошена за истите проекти.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 04.04.2022 / Левица ЛО Охрид