26/04/2024
Охрид

Левица: Во Охрид постојано никнуваат нови дивоградби

Локалниот огранок на Левица – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Деновиве, по бурната реакција на жителите на Трпејца, беше обелоденета уште една дивоградба, овој пат во ,,Националниот парк Галичица”. 

Според локалното население, сопственикот на дивоградбата е вработен во ,,Националниот парк ГаличицаВо нивната реакција беше кажано дека ним им се рушеле обични ѕидчиња, а за оваа дивоградба никој не реагира. 

Неколку прашања до градоначалникот Константин Георгиевски и до локалната самоуправа во Општина Охрид: 

-Доколку е точно тврдењето на жителите на Трепејца, кој е тој вработен во ,,Националниот парк Галичица, кој го штити и од каде му е храброста да гради во заштитен појас на НП Галичица? 

-Зошто наместо да ги спроведувате препораките на УНЕСКО за рушење на дивоградбите, вам секојдневно ви никнуваат нови дивоградби? 

-Дали вие како татко на градот, имате воопшто способност да се справите со урбаната мафија и конечно да постапите по препораките на UNESCO? 

-Дали во Охрид постои градежна инспекција? Ако постои, зошто не функционира? Можеби поради страв од политичката елита и урбаната мафија, или поради корупција, која ја волја на вистината, длабоко е навлезена во секоја пора на нашето општество? 

-Дали на градежните инспектори поморален чин им е молчењето, за кое најверојатно се платени од некого, или да си ја работат работата за која ги плаќа народот?“ – стои во соопштението од Левица – Охрид.