28/04/2024
Охрид

Лишени од слобода две лица кај кои била пронајдена марихуана

На 07.04.2023 во 01:25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(29) од Охрид и С.К.(26) од охридското село Велгошти.

При контрола на патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 07.04.2023 / СВР Охрид