28/02/2024
Спорт

Македонија остана на 77 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Според најновото рангирање, Македонската фудбалска репрезентација останува на 77 место на ФИФА рејтинг листата.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде Германија останува на првото место, пред Бразил на второто и Белгија на третото место.

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Кувајт со +16 места се искачи на 160 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Палестина од -13 места која се најде на 96 место.

WebOhrid