26/04/2024
Спорт

Македонија поразена од Исланд

Репрезентацијата на Македонија во продолжението на Светското првенство ќе игра во Президент Куп. Вечерва Македонија беше поразена од селекцијата на Исланд (22-24) и го зазема четвртото место на конечната табела во Прелиминарниот дел од шампионатот.

Македонија подобро го отвори натпреварот, по седум минути имаше водство од 4-1, но противникот успеа да се врати во игра и израмни а 4-4.

И во периодот што следеше Македонија имаше резултатска контрола, иако резултатот беше тесен, се играше гол за гол.

Водеше Македонија во текот на целото прво полувреме со еден гол разлика, а во финишот зголемивме на 11-9, па на одмор заминуваме со плус два (13-11).

Во второто полувреме го испуштивме водството по десетина минути игра. Исланд израмни  на 16-16, потоа и поведе за прв пат во вториот дел 17-16, 18-16.

Македонија израмни на 20-20, но потоа пропуштивме неколку можности, противникот поведе со 23-21 и предноста ја задржа до крајот на мечот.

Дејан Манасков и Кирил Лазаров со по пет гола беа најефикасни во тимот на Македонија, додека за репрезентацијата на Исланд најефикасен поединец беше Тор Гунарсон со 10 погодоци.

Следниот противник ни е Русија, а средбата ќе се игра во сабота од 13:00 часот во Ланксес Арена во Келн.

SP 2019 (rakomet) Makedonija-Island 17.01.2019-7314SP 2019 (rakomet) Makedonija-Island 17.01.2019-7613