29/04/2024
Спорт

Македонија славеше сигурна победа над Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија по ремито со Италија, забележа нов позитивен резултат, совладувајќи ја селекцијата на Малта со 2:0 на гостински терен.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот старт на мечот наметнаа своја игра, го притиснаа противникот на својата половина и постигнаа два гола до полувремето, и на тој начин го решија прашањето на победникот на денешната средба, оправдувајќи ја фаворитската улога.

Само 5. минути беа доволни за отворање на резултатот. Елмас на одличен начин ја искористи асистенцијата од Барди, одлично се снајде во казнениот простор и успеа да ја затресе противничката мрежа за предност на Македонија од 1:0.

Во 41. минута од натпреварот, извонредниот Јован Манев одлично бие со глава, по корнерот што го изведе нашиот капитен, за предност од 2:0 за Македонија.

Во продолжението, нашите репрезентативци одиграа рутински и паметно, не дозволија противникот ниту една подобро да се закани по голот на Македонија.

Ова е втора победа на репрезентацијата предводена од селекторот Благоја Милевски во овие квалификации.


WebOhrid / 13.09.2023 / ФФМ