26/04/2024
Македонија

Македонскиот информативен центар во Софија беше дел од манифестацијата „Европскиот ден на јазиците“

Македонскиот информативен центар во Софија беше дел од манифестацијата „Европскиот ден на јазиците“ која на 26 септември се одржа во просториите на Националниот музеј на Бугарија …

Целата на оваа манифестација чиј организатор е Британскиот совет, е промоција на јазиците на кои се говори и се твори во Европа и Европската Унија.

Учесници беа најголемите културни центри и амбасади кои имаат свое седиште во Софија, а на македонскиот штанд беа претставени голем број на каталози и изданија на македонски јазик, а се одржа и перформанс со изведба на стихови од Кочо Рацин и Ацо Шопов.