Македонските репрезентативци пристигнаа во Букурешт

Македонските репрезентативци пристигнаа во Букурешт каде што во периодот од 13. јуни до 17. јуни ќе ги одиграат првите два меча од Европското првенство 2020. Воведниот натпревар го играме против селекција на Австрија на 13 јуни со почеток од 18 часот, а вториот меч против Украина е закажан за 17. јуни со почеток во 15 часот.

Нашите репрезентативци имаа срдечен пречек од домаќините кои како и многупати претходно, и сега нагласија дека на Европското првенство ќе навиваат за Македонија.