Мали измени во програмата на проектот „Од 20-ти до 20-ти Сите во Охрид“

Од Локалната самоуправа информираат дека поради врнежите од дожд деновиве во Охрид се направени помали измени во програмата на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Изложбата на отворено на фотографии од Охрид во голем формат ќе биде свечено отворена во четврток, 18-ти јануари во 12:30 часот на платото – малиот плоштад кај поранешна Библиотека.

Претходно, во 12:00 часот, на посебно прилагодениот простор позади споменикот на Св.Климент на Градскиот плоштад ќе започне и Фестивалот на графити и модерна уметност.