25/04/2024
Македонија

Медијаторот Метју Нимиц утре во посета на Република Македонија

Утре (четврток), 1 февруари 2018 год, личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, амбасадорот Метју Нимиц, ќе оствари посета на Република Македонија.

За време на неговата посета, на која ќе се разговара за иницијалната рамка за надминувањето на разликата за името, Метју Нимиц ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а ќе оствари средби и со министерот за надворешни работи на Република Македонија  Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.