Меѓународна летна програма на Универзитетот Кембриџ

Во рамките на Меѓународната летна програма од 8 јули до 18 август 2018 г., Универзитетот Кембриџ ги организира следниве програми: Ancient and Classical Wolds , Creative Writing, Art and Visual Culture, History, Interdisciplinary, Literature, Medieval Studies, Science and Shakespeare, како и програми за Англиско право и Законски методи, првенствено дизајнирани за правници и студенти по право.

Програмата за Art and Visual Culture е нова за 2018 година, наменета е за возрасни и за студенти на додипломски и после дипломски студии, како и за ученици на возраст од 16 до 18 години (на Fitzwilliam College)

Апликациите се поднесуваат на интернет страната: www.ice.cam.ac.uk/intsummer која ќе биде отворена во декември 2017 г. и каде ќе биде детално претставена оваа Програма, со рокови, можности за сместување и трошоци и информации за начинот на аплицирање.

За подетални информации сите заинтересирани може да се обратат на следната електронска адреса: intenq@ice.ac.uk