29/04/2024
Охрид

Меморандум за соработка помеѓу “Поетска ноќ во Велестово” и “Арт Поинт – Гумно” од Слоештица

По повод јубилеите: 35 години Поетска ноќ во Велестово и 20 години Арт Поинт – Гумно, двете одделни манифестации, претставувани од Славе Ѓорѓо Димоски и Ирена Андреевска, потпишаа Меморандум за соработка.

Документот за официјализирање на досега неформалната соработка помеѓу двете организации, е потпишан во амбиентот на Арт Поинт ‒ Гумно во с. Слоештица, демирхисарско.

Двете асоцијации потврдуваат согласност дека ќе продолжат да соработуваат на проекти за развој на културата, уметноста и книжевноста во руралните средини, како и дека ќе бидат поддршка за младите и за ранливите категории граѓани.

Во име на овој свечен чин, се одржа и камерно поетско читање на кое учествуваа поети од Македонија, Хрватска, Грција и Чешка.

На настанот присуствуваа и фотографите од Либеречката школа за фотографија, коишто се на резиденцијален престој во Слоештица.


WebOhrid / 15.08.2023 / Веле Митаноски