Меморандум за соработка помеѓу УИНТ „Св.Апостол Павле“ и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Со меморандумот потпишан помеѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, двете институции ја продолжуваат својата соработка.

Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и директорот Сашо Недески, ги истакнаа можноста и за двете институции за учество на заеднички проекти и настани.

Пред учениците на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, беа презентирани студиските програми, кои освен информатички науки и технологии интегрираат и општествени и хуманистички науки.


WebOhrid / 16.03.2023 / УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид