25/04/2024
Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот во поход против оваа ненародна власт

ВМРО-ДПМНЕ се реконструира многу внимателно нема да дозволи да биде испровоцирана на непредвидени чекори. ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе се реорганизира ќе застане цврсто на нозе и ќе тргне во одлучувачки поход кон уривање на оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев, а поддржана од Талат Џафери, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Алфа телевизија.

Мицкоски зборуваше и за обидите на СДСМ да се испровоцира опозицијата да направи непромислен чекор и да се обвини ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици, преговорите за името и сите неуспеси на владата.