25/04/2024
Македонија

МНР: Успешно репатрирани и 152 македонски граѓани од Италија

Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на македонските граѓани затекнати во Италија. И покрај поголем број на пријавени наши државјани, од нив 180 го потврдиле враќањето, од кои 152 пристигнале на аеродромот во Венеција и се качиле на денешниот лет кон Скопје.

По пристигнувањето во земјата, тие ќе бидат упатени во задолжителен државен карантин во времетраење од 3 седмици, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

На летот кон Италија во координација со италијанската амбасада во земјата, беше организирана репатријација на 32 странски државјани кои беа затекнати во Скопје.

Упатуваме благодарност до сите инволвирани во процесот на репатријација, на колегите од Кризниот тим при Министерството за надворешни работи и колегите од сите наши дипломатско-конзуларните претставништва за посветеноста во овие исклучително отежнати услови за работа.