27/04/2024
Македонија

МОН укажува наставниот кадар да биде ослободен од работните обврски во неделата после Нова година

Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, од МОН информираат дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно вашите работни обврски да започнат на 9 јануари.

Оваа препорака е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде 2 саботи во првото полугодие и 2 саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови.

Исто така, оваа препорака е со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.