04/12/2024
Македонија

На 213 лица им се издадени решенија за изолација, 805 лица не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се  805  прекршоци.