19/04/2024
Охрид

На 30ти ноември Наш Фестивал во Охрид

Во рамките на вториот Наш Фестивал, ќе се организираат неколку настани во Охрид во Центарот за Култура на 30 ноември 2018. Модна ревија, Куклен театар, Ликовно Катче, Презентација на традиционална храна и пијалоци, Настап на фолклорни групи. 
Оваа активност е дел од „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” кој е подржан во рамките на нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. 
Проектот е финансиран од Европската Унија. 
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.