26/04/2024
Македонија

На 593 лица им се издадени решенија за изолација, 975 лица фатени без маска

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.