28/04/2024
Македонија

Нацрт – стратегија за културен развој 2018 – 2022 – последен неофицијален текст (нелекторирана верзија)

Министерството за култура на Република Македонија ја објавува последната (неофицијална и нелекторирана) верзија на нацрт – стратегијата за културен развој 2018 – 2022…

Овој документ е подготвен од страна на Работната група формирана во Министерството за култура и претставува последна верзија, која ги вклучува прифатените предлози од првиот и вториот круг на јавната расправа по текстот, како и предлозите испратени од засегнатите страни на официјалната е -адреса на Работната група за стратегијата  predlozi.strategija@kultura.gov.mk.  

Министерството за култура го објавува овој документ во оваа неофицијална форма, со цел тој да биде што побргу достапен до јавноста и сите заинтересирани. Јавната презентација на нацрт – стратегијата, пред таа и официјално да се поднесе на усвојување до Владата на Република Македонија а потоа и до Собранието на РМ, ќе се одржи на 27 декември 2017 со почеток во 11 часот во Музејот за современа уметност во Скопје.

Последниот текст на нацрт – стратегијата можете да го сочувате на следниот линк:

Национална стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година (неофицијален нелекториран текст)