03/12/2024
Македонија

Народно будење во сабота повикува на вонпартиски собир пред Соборниот храм во Скопје

НАРОДНО БУДЕЊЕ ВЕ ПОВИКУВА

РАЗБУДЕТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ!

На 30ти Гроздобер (Септември) во 17 часот пред Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“, ВЕ ПОВИКУВАМЕ НА ВОНПАРТИСКИ СОБИР за одбележување на 5 годишнината од народно успешно-отфрлениот, бесрамно-предавнички, Референдум 2018 година.

Бидејќи партиската психологија е главниот предизвикувач на националните поделби и порази, повикуваме НА ЧИСТО ВОНПАРТИСКИ РОДОЉУБЕН СОБИР. ГИ ПОВИКУВАМЕ непокорните и разбудени Македонци, да се собереме настрана од сите партии и нивните подружници за самоорганизирање на македонскиот отпор. Ова е прв собир од низата на собири кои НАРОДНО БУДЕЊЕ ќе ги организира и ќе повикува на општо-народно будење. Повикуваме да дојдат сите оние кои ја сакаат Македонија за осмислување на граѓански отпор. 

РАЗБУДИ СЕ И РАЗБУДИ ГО ТОЈ ДО ТЕБЕ! БИДИ ОДГОВОРЕН, КОГА СИ Ѝ ПОТРЕБЕН, ИСПОЛНИ ЈА СВОЈАТА ДОЛЖНОСТ КОН ТАТКОВИНАТА!

На собирот ќе излеземе со предлози за натамошната национална и граѓанска борба за нашиот национален и човечки опстанок. 

На овој собир ќе бидат изнесени следните барања:

2. Да се престане со надворешните политички притисоци со кои се нарушуваат нашите национални и човекови права.

3. Да се поништат како неважечки, предавничките самоуништувачки договори, закони и одлуки („Преспански“, Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност, …).

4. Да се распушти историската комисија која преговара за суверени македонски историски прашања. 

5. Да се престане со сите бесрамни против-култоролошки подметнувања кои се противречни на традиционалните вредности на македонскиот народ и другите народности кои живеат во Македонија.

1. НАШЕТО ГЛАВНО БАРАЊЕ Е – Со цел да се соочиме со партиската психопатологија која како метастаза ги убива македонската нација и македонската држава, да се состави тело ГОРЕН ДОМ (кое во иднина ќе се избира на општи избори), составено од национално заслужни граѓани кои се партиски независни и кои ќе имаат право:

• Да ставаат вето на одлуките на Собранието и Владата; 

• Органите на Правосудството да бидат под непосредна надлежност на ова тело. 

За натамошно наше поврзување на настанот ќе се делат пишуван материјал, беџови и други видови на материјали. 

* На собирите организирани од НАРОДНО БУДЕЊЕ, секој позначаен партиски функционер, независно дали се работи за голема или мала партија, ќе биде замолен да го напушти местото на собирот.

** Народно будење е законски заведена организација.


WebOhrid / 26.09.2023 / Народно будење