24/04/2024
Охрид

Нарушен јавен ред и мир на ул. „15 Корпус“ во Охрид

На дванаесетти овој месец околу 15 часот, пред колонијална продавница на улицата „15 корпус“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање, извршен од К.Т.(49) од Прењас, Република Албанија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, недолично се однесувал кон граѓаните а при обид да биде легитимиран, физички им се спротивставил на полициските службеници. К.Т. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.