17/04/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир пред казино во Охрид

На 30 ноември оваа година околу 21 часот, пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, лицето А.Б.(50) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир.

Тој, во видно алкохолизирана состојба, се обидел да влезе во објектот, што му било оневозможено од страна на работникот на обезбедување. Поради тоа, А.Б. почнал да вика на висот тон и непристојно да се однесува употребувајќи навредливи зборови кон него.

Со цел да се спречи натамошниот тек на нарушувањето, А.Б. е приведен во полициска станица.