17/07/2024
Охрид

Нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во Охрид

На деветти декември оваа година, во 11 часот и 30 минути, во угостителски објект лоциран на улицата „Кленоец“ во Охрид, случено е нарушување на јавниот ред и мир во кое А.Ф. (37) од Охрид, удирал по масите и столиците по што го скршил стаклото од излогот. Потоа, А.Ф. му упатил вербални закани на А.П. од Охрид – сопственикот на објектот и физички го нападнал.

СВР Охрид презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.