29/04/2024
Македонија

Недела на современ фински филм во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од 24 до 29 април година ќе се одржи Недела на современ фински филм …

Finski_film

Во рамките на програмата ќе бидат прикажани шест филмови, пет играни и еден документарец, кои меѓусебно се разликуваат по теми и по форма. Филмовите претставуваат пресек на финската кинематографија во последниве две години.

Селектор на филмовите е српскиот режисер Бојан Вулетиќ. Според селекторот Вулетиќ изборот на филмови ќе ни даде можност да откриеме еден дел од Европа кој само навидум е далечен, скриен и студен, но во суштина е многу близок, исполнет со топлина, бидејќи потребата од љубов, пријателство, семејство, вистина, правда и храброст е универзална.

Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Република Финска во Белград.