29/04/2024
Охрид

Никола Јакимоски е пронаоѓачот на чесниот крст

Во духот на традицијата и верата, Охрид и оваа година го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.

По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Никола Јакимоски кој го фати Светиот крст.

На среќниот фаќач Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона и филигран во вид на крст.

Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.