04/12/2024
Македонија

Нов културен бран во Кратово: „Теактер студио“ од Куманово ја игра „Аудиенција“

Вечерва во 18 часот во Домот на култура ,,Лазар Софијанов” во Кратово, неформалната група ,,Теактер студио,, од Куманово ќе ја изведе претставата ,,Аудиенција,, од Вацлав Хавел во режија на Мирослав Петковиќ. Во претставата играат Чедомир Митевски и Мирослав Петковиќ.

Гостувањето на кумановската театарска група е поддржано од Министерството за култура во Манифестацијата „Нов културен бран“.

Текстот на Хавел е строг и отворено го критикува општеството. Главните и единствени ликови се Сладек, млад новопечен газда, шеф во пиварница без ниедно влакно на лицето а веќе на скалилото на хиерархијата, и Вањек, талентиран писател, прекинат во жарот на творењето, тркалач на буриња во пиварницата, претставник на работничката класа, уште еден човек кој не работи во својата професија.