02/05/2024
Македонија

Нови цени на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,25%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,262 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,349 ден/кг.


WebOhrid / 16.10.2023 / Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад