09/11/2024
Македонија

Нови цени на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,38%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,503 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,029 ден/кг.


WebOhrid / 19.06.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги