20/06/2024
Охрид

Нови успеси на учениците од ОУ „Христо Узунов“ на манифестацијата „Ноември – Месец на науката 2019“

Петтооделенците од ОУ „христо Узунов“ и оваа година со награди на манифестацијата „Ноември – Месец на науката 2019“.

Стефан Мургоски ја освои првата награда од областа на природните науки со тема од физика, додека Андреј Крстески кој минатата година освои прва награда на истата манифестација, оваа година го освои третото место исто така од областа на физиката. Петтоодделенките Ана Зороска и Софија Митреска учествуваа со проект од областа на математика,додека ученичката Ања Гиноска се натпреваруваше од областа на природните науки со тема од хемија.Шестоодделенците Филип Гиноски и Јоана Костовска се натпреваруваа од областа на природни науки со тема од хемија.

Денот исполнет со интересни едукативни предавања, креативни работилници и добра дружба , за петтоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ заврши со успешно изведени и добро образложени експерименти.

Целта на настанот е поттикнување на младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, да се вклучат учениците со свои проекти, а истовремено да се мотивираат да започнат различни истражувачки активности и умешно да ги презентираат добиените резултати.