30/05/2024
Македонија

Обука на обучувачи за примената на новата одредба од Кривичниот законик за неказнување на жртви од трговија со луѓе

Денеска во организација на ОБСЕ, а во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција (НКТЛИМ) и Академијата за судии и јавни обвинители беше означен почетокот на дводневната обука на обучувачи. Тема на обуката е примена на новата одредба од Кривичниот законик за неказнување на жртви од трговија со луѓе.

„Ми причинува големо задоволство мултидисциплинарниот пристап во организирање на оваа обука, на која ќе бидат презентирани насоките за неказнување на жртви од трговија со луѓе, ќе се доразјаснат и допрецизираат новите законски решенија и ќе се отстранат сите отворени прашања и дилеми во  однос на примената на ова начело. Преку одржување на обуки од ваков тип ќе се создадат услови за целосна практична имплементација на предметната законската одредба“, истакна во воведното обраќање државниот секретар, авоедно и Национален координатор на НКТЛИМ, м-р Магдалена Несторовска.