28/04/2024
Македонија

Од 12 јули вакцинација без закажување

Од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин, без разлика дали е пријавен или не се пријавил преку веб страната www.vakcinacija.mk.

Вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk