26/04/2024
Македонија

Од денес почнува летото

Денес во 12:07 часот на северната земјина полутопка календарски започнува летото и ќе трае до 22 септември. Во исто време за жителите на јужниот дел на земјината полутопка започнува зимата.

Летото секогаш почнува кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Денес, денот ќе трае 15 часа, 8 минути и 20 секунди.

За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со врнежи од дожд и грмотевици, со температура до 24 °С.

WebOhrid