22/04/2024
Македонија

Од ноќеска започнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, ноќеска по полноќ во 2 часот почнува летното сметање на времето.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 27 октомври во 3 часот по полноќ.