27/04/2024
Македонија

Од полноќ поевтинуваат горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,96%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 09.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,814 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,897 ден/кг.