18/04/2024
Македонија

Од полноќ повисоки цени на бензините, дизелот поевтинува

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,04%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.07.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 38,018 ден/кг.