26/04/2024
Македонија

Од утре нов влажен бран со врнежи од дожд и снег

Од УХМР известуваат дека денес ќе има преодно стабилизирање на времето.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и во среда. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови на земјава (локално над 30 литри/м²).