18/05/2024
Македонија

Од утре следува стабилно време со ниски утрински температури

Од Управа за хидрометеоролошки работи известуваат дека денес изутрина се уште во северните и источните делови ќе провејува слаб снег, а преку денот ќе биде суво и студено. Ќе дува засилен северен ветер особено вдолж Повардарието и во Пелагонија (на места над 70км/ч.). Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепено покачување.