09/12/2024
Охрид

Одбележан Меѓународниот ден на мирот

Со полагање на цвеќе пред спомен обележјата во Градскиот парк, денес, се одбележа Меѓународниот ден на мирот. Свежо цвеќе положи делегација од Општина Охрид и делегација на Сојузот на борци.

Со едноминутно молчење од присутните им беше оддадена почит на сите кои своите животи ги дале во борбата за Македонија, а од страна на претседателот на Сојузот на борци, Гоце Герогиески беше прочитана овогодинешната порака за мирот која ја испраќа генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.


WebOhrid / 21.09.2023 / Општина Охрид