25/04/2024
Охрид

Одбележан патрониот празник на ООУ „Живко Чинго“ Велгошти

По повод патрониот празник на ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти Охрид, се одржа свечена пригодба на која присуствуваше градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, претставници на локалната самоуправа и БРО и директорите од основните и средните училишта.

Свечен говор одржа директорката Љубица Ангелоска – Кркачоска. Пригодбата започна со музичка точка на училишниот хор. На учениците им беа доделени награди за литературниот и ликовниот конкурс, како и за нивните достигнувања на општинските натпревари по знаење.

Нека ни е честит и вековит патрониот празник на училиштето.


WebOhrid / 18.03.2022 / ООУ „Живко Чинго“ Велгошти