28/04/2024
Охрид

Одбележан празникот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“

Со свечена програма, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше одбелжан празникот на ОУ “Свети Климент Охриски“. Годинашното чествување на празникот беше под мотото „Богатството наше – јазикот“. Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од соседна Србија, се обрати директорот на училиштето, Јордан Пуроски.

OOU_Sv_Kliment_Ohridski_07122023010– Нашата овогодишна прослава тематски е посветена на нашиот мајчин јазик. Нашите ученици треба да ја разберат и да ја почуствуваат неговата важност и потреба. Денес можеме да ја почуствуваме и да ја разбереме историската борба низ која поминал за да опстане и да продолжиме да го негуваме и чуваме, зошто тој е нашето главно обележје. Токму за богатството наше – јазикот, говори нашата вечерашна програма која ја подготвија учениците – истакна во своето обраќање Пуроски.

Во продолжение на програмата, учениците изведоа богата уметничка програма, а беа доделени и наградите за најуспешни литературни творби.

Чествувањата на Св. Климент Охридски, претходно беа одбележани  и со традиционалниот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“.

OOU_Sv_Kliment_Ohridski_07122023001OOU_Sv_Kliment_Ohridski_07122023002OOU_Sv_Kliment_Ohridski_07122023003


WebOhrid / 07.12.2023 / Општина Охрид