27/04/2024
Спорт

Одржан Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2023“ Пионери

ШК Ласкер Охрид, во согласност со Годишната програмата за работа финансирана од Општина Охрид, на 29.09.2023г (петок) со почеток во 11:00 часот, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, го организираше Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2023 Пионери, за учениците од основните училишта од општина Охрид.

На турнирот учествуваа 75 ученици кои беа поделени во четири категории ПИОНЕРИ (1, 2 и 3 одд девојчиња), учествуваа 6 ученици, (1, 2 и 3 одд момчиња), учествуваа 14 ученици, (4 и 5 одд девојчиња), учествуваа 17 ученици и (4 и 5 одд момчиња), учествуваа 38 ученици.

На Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2023 – ПИОНЕРИ медалите по категории ги освоија:

Категорија девојчиња 1, 2 и 3 одд
1 место Јусра Заде, ООУ Братство Единство,
2 место Ангела Велкоска, ООУ Григор Прличев,
3 место Теона Карадакоска, ООУ Братство Единство

Категорија момчиња 1, 2 и 3 одд
1 место Павел Групчев, ООУ Св Климент Охридски,
2 место Шешоски Јаков, ООУ Григор Прличев,
3 место Актан Реџеп, ООУ Братство Единство

Категорија девојчиња 4 и 5 одд
1 место Ајџан Реџеп, ООУ Братство Единство,
2 место Искра Цветкоска, ООУ Григор Прличев,
3 место Ивана Момироска, ООУ Св Климент Охридски

Категорија момчиња 4 и 5 одд
1 место Марко Томоски, ООУ Григор Прличев,
2 место Иван Пероски, ООУ Григор Прличев,
3 место Давид Матески, ООУ Братство Единство

Благодарност до Директорот на ООУ „Братство Единство“ Охрид, Џемал Мехмед, за условите за игра за младите шахисти кој воедно и ги додели наградите на најдобрите учесници по категории.

Турнирот е финансиски поддржан од Општина Охрид.

Комлетните резултати може да се видат на http://laskerohrid.weebly.com/


WebOhrid / 30.09.2023 / ШК Ласкер Охрид