02/05/2024
Македонија

Одржан состанок на Советодавното тело

На 08.02.2018 година, во просториите на Царинската управа се одржа состанок со Советодавното тело.

Царинската управа партнерството со деловната заедница го остварува преку работата на Советодавното тело, во кое членуваат Царинска управa, Стопанска комора на РМ, Сојуз на стопански комори на РМ, Стопанска комора на Северозападна Македонија, Американска стопанска комора во РМ, СИЗ„Македонија сообраќај” АМЕРИТ, Групација на шпедитери и логистички оператори –МИФА, Текстилно трговско здружение – Текстилен кластер, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Холандска стопанска комора, Македонско Бугарска стопанска комора, Унија на Германски комори за индустрија и трговија – Претставништво Скопје, Стопанска комора на Македонија – Турција и Здружение на кожарско преработувачка индустрија.

За време на состанокот се разгледаа повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење, како и барања на деловната заедница.

Царинската управа ги информираше претставниците на деловната заедница за претстојните измени на Царинскиот закон, при што посебен акцент беше ставен на унапредувањето на концептот за овластен економски оператор и измените кои се предлагаат во делот на прекршочните одредби.

Исто така Царинската управа ги запозна членките за новините кои се предлагаат со новиот Закон за акцизите кој е во завршна фаза на подготовка. На состанокот беше дискутирано и за актуелните проблеми на учесниците во царинските постапки, поврзани со царинското работење.