24/04/2024
Македонија

Одржана средба со Асоцијација на легални такси превозници

Во Mинистерството за внатрешни работи, работната група формирана од Владата на Република Македонија од преставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, денеска оствари средба со претставници на Асоцијацијата на легални такси превозници-Скопје. На средбата присуствуваше и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

На средбата беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат легалните такси превозници, како и за начините за надминување на проблемите. Двете страни се согласија дека оваа прва средба влева надеж дека еден ден ќе бидат надминати сите проблеми во работењето на легалните такси превозници. Исто така, на средбата беше истакнато дека со заеднички напори , проблемите ќе бидат надминати за многу краток рок.